Известување во врска со непријавено движење во шумите на територијата на НП Шар Планина

30.06.2025

 Почитувани посетители на Националниот парк Шар Планина,
🚨 Ве известуваме дека поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Ј.У.Н.П. Шар Планина по препорака на Владата на РСМ, а во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, воведува забрана за непријавено движење во шумите на територијата со која управува ЈУНП Шар Планина.
Единствен исклучок од оваа забрана се лицата кои живеат или имаат имоти на Шар Планина. 

🔴 На кој начин да ја пријавите вашата посета во НП Шар Планина?
Посетителите имаат можност да се движат во НП Шар Планина само со потврда која повратно ќе ја добијат при пополнување на електронската пријава.

🏞 Пријавувањето може да го извршите со пополнување на евидентен лист за посетители во електронска форма на веб страната на Јавна Установа Национален парк Шар Планина или на Евидентен лист за посетители на територијата на Национален Парк Шар | НП Шар Планина 

🔗https://www.sarmountain.org.mk/mk/evidenten-list-posetiteli 

При посетата на НП Шар Планина, потсетуваме и на обврската за наплата на влез на моторни возила.
Како да платите?

Преку следниот линк 🔗https://services.sarmountain.org.mk/ 

или


🚗 Пратете СМС порака со категорија на возилото и број на регистрација на 144 - 555 или📱 Скенирајте QR код, изберете категорија на возило и внесете ги бараните податоци.

✅ Пример за СМС порака:
A TE5678ET (за автомобил)
Категории на возила:
🏍️ Мотор и автомобил, 150 МКД
🚐 Комбе и минибус до 20 седишта, 250 МКД
🚌 Автобус и тешко моторно возило, 450 МКД
ℹ️ За повеќе информации јавете се на: 076 221 551
Тарифите важат за сите посетители кои се движат со моторни возила по дозволените патишта во Националниот парк.
🏡 Сопствениците на приватни имоти и правните лица регистрирани на територијата на паркот, се ослободени од надоместок за движење во своите зони.

⚠️ За да се избегнат несакани последици од предизвикување пожар Ве замолуваме за поголемо внимание!
На територија на Национален парк Шар Планина е забрането палење оган! 

🚨 Доколку забележите пожар или друг случај на загрозување на природата ве молиме истото веднаш да го пријавите на  112
За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, ќе бидат изречени парични казни согласно член 106 од Законот за шумите.

‼️ Задолжителното пријавување за движење на територија на НП Шар Планина не важи за вработените на:
🚓 Министерството за внатрешни работи
🛡 Министерството за одбрана
🌲 Шумската полиција
🚒 Центарот за управување со кризи
🔥 Дирекцијата за заштита и спасување
🦌 Државниот инспекторат за шумарство и ловство
🚶‍♂️ Лицата кои живеат или имаат имоти на Шар Планина. 
📄 Лица кои имаат повратна електронска порака за пријавено движење.

#Забрана #ШумскиПожар #Туризам #ШарПланина #Безбедност #ТуристичкаТакса

Со пријавување на вашата посета и праќање на СМС порака за влез на моторното возило, Вие директно придонесувате кон заштитата на природата на Шар Планина и помагате во зачувувањето на ова уникатно природно богатство за идните генерации. 🌍

Ви благодариме за разбирањето и одговорноста!