Останати информации

1

Останати информации - 1 Јавен карактер

Информации од јавен карактер

 

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер („Сл. весник на РМ" бр.13/06, 86/2008 и 6/2010), граѓаните можат да добијат информација од јавен карактер што сме ја изготвиле или со која располагаме, преку наведените врски кои водат до директните информации на нашата интернет страна или со пополнување на – Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во нашата архива или да го превземат од наведената врска.

Барањето за информација може да се достави во писмена форма на нашата адреса ул. Његошева бр. 3, Тетово, на Е-пошта: park@sarmountain.org.mk или со пополнување на онлајн формата. Граѓаните исто така може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефонскиот број: + 389 72 239 122.

Останати информации - 2 Политика за приватност

Политика за приватност

Личните податоци се собираат, употребуваат и обработуваат исклучиво во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Лица чии податоци можеме да собираме и обработуваме

Можеме да собираме, употребуваме и обработуваме податоци поврзани со следниве категории на лица кои се посетители на нашата интернет страна:

  • Баратели и доставувачи на информации во врска со поднесување на барања и/или разни други пораки преку контакт формите. Овие барања/пораки необврзително содржат информации за идентитетот на испраќачот. Овие податоци имаат ограничен обем, вообичаено име, презиме и контакт податоци, кои се тесно поврзани со самото барање или достава на информации.
  • Посетители на нашата интернет страна. Обработуваме податоци за страните кои се посетуваат кои се користат за анализирање на посетеноста на нашата веб-страна како и нејзината употребливост. Исто така обработуваме податоци од тип на акции заради имплементирање на информациската сигурност на нашата веб страна и заштита од неовластени упади и/или напади. Повеќе информации за нашата употреба на колачиња во нашата Политика за користење на колачиња.
  • Лица кои врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараат пристап до истите. Како би добиле пристап до информациите, од подносителите се бараат информации за идентитетот на испраќачот и природата/потребата на самото барање. Овие податоци имаат ограничен обем, вообичаено име, презиме и контакт податоци, кои се тесно поврзани со самото барање и се користат во согласност со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

Видови на податоци кои употребуваме и обработуваме

1. Кои податоци при посета се евидентираат

За време на посета на нашите интернет страни, платформата за секој корисник врши запис/лог со следни информации:

  • Времето на посетата
  • Страната која се посетува и подопциите при тоа
  • Страната од која е препратена посетата и во некои случаи клучните зборови кои се користени при истотото препраќање
  • Оперативниот систем кој се користи и нагодувањето за екранска резолуција
  • Видот на пребарувачот и неговата верзија
  • Јазикот кој се користи на пребарувачот
  • Интернет (IP) адресата од која се пристапува
  • Типот на уред од кој се пристапува

Сите записи (логови) ротираат и се пребришуваат на секои 15 дена, освен заради проучување на сигурносен или кориснички проблем, кога дел од нив можеби ќе се анализираат подолго.

2. Потврдена дозвола за користење и доброволно доставени лични податоци

Со Ваше потврдување и давање на дозвола или доброволно доставување на лични податоци за понатамошна употреба и обработка при остварување на соодветни дејствија согласно законските прописи, при достава на информации или барање на некоја административна услуга од КОНТРОЛОРОТ.

Собираме, употребуваме и обработуваме лични податоци од следниве категории: лично име и презиме, Ваша адреса и/или контакт телефони, факс, Е-пошта, печат и/или потпис.

 

Начини на кои ги собираме Вашите лични податоци

Вашите лични податоци можеме да ги собираме на неколку начини:

  • Кога усмено ни давате информации на нашите фиксни или мобилни телефони;
  • Кога ни испраќате директно факс документ на нашите телефони;
  • Кога ни испраќате директно пошта преку поштенски сервис;
  • Кога ни испраќате порака директно на нашите Е-пошти;
  • За време на користење на нашите интернет страни, апликации или контакт форми.

Кога преку директна комуникација со нас доставувате некое барање или информација, одговорното лице од наша страна подготвува записник кој го потпишувате взаемно и потоа се заведува во архивата на КОНТРОЛОРОТ.

 

Типови категории на обработувачи на лични податоци

Исклучиво нашите вработени кои се одговорни за предметните задачи поврзани со активностите околу обработка и употреба на личните податоци ќе имаат пристап до нив.

Не користиме надворешен систем (Google analytics или Facebook pixel и слични) за анализа и статистика на нашите посети и не споделуваме податоци за Вас или Вашата посета на нашите интернет страни со никого, освен по барање на суд, полиција или други органи за вршење на законски дејствија.

Време на чување на собраните податоци

Сите податоци кои ги собираме, користиме и обработуваме се користат во период исклучиво во согласност со закон и само поради целта на употребата и се потенцирани во листата на рокови за чување на личните податоци на КОНТРОЛОРОТ.

 

Кои права во врска со Вашите лични податоци ги имате?

Вие ги имате следниве права во врска со Вашите лични податоци:

  • Имате право и сте информирани за собирање, употреба и обработка на Вашите лични податоци
  • Имате право да го ограничите нашето собирање, употреба и обработката на Вашите лични податоци
  • Имате право да ги промените и делумно или целосно да ги избришете Вашите лични податоци
  • Имате право на пристап до Вашите собрани, употребени и обработени лични податоци
  • Имате право да вложите приговор околу нашето собирање, употреба и обработка на Вашите лични податоци до КОНТРОЛОРОТ или до АЗЛП

Како би добиле повеќе информации, за сите други прашања и остварување на Вашите права во врска со заштитата на Вашите лични податоци, можете да остварите контакт на +389 72 239 122.

 

Имате право да поднесете приговор или барање до АЗЛП

Доколку сепак мислите дека при собирање, употреба и обработка на Вашите лични податоци КОНТРОЛОРОТ ги повредува Вашите права или одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете приговор или барање до Агенцијата за заштита на лични податоци www.dzlp.mk,  а која е надзорно тело и по кои ќе се постапува, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.

 

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност може повремено да биде сменета или дополнета соодветно на нашите или законските промени или активности.

Останати информации - 3 Пoлитика за колачиња

Политика за користење колачиња

Што се всушност колачиња или 'cookies'

Тоа се мали текстуални програмски сегменти, кои ги превземате на вашиот уред преку кој посетувате некоја интернет страна или апликација. Најчесто се користат за да запишат одредени корисни информации околу вашата активност или нагодувања (посетени страни, избор на јазик, фонтови, бои, светол или темен мод, сложен или прост начин на приказ итн. Колачињата можат да бидат сесиски (привремени) кои се бришат веднаш по гасење на вашиот прелистувач или со одреден рок во кој остануваат запишани на вашиот прелистувач и откако ќе го изгасите.

 

За каква намена се

На овие страни колачињата се користат за подобро функционирање на страната, за остварување на вашите нагодувања (јазик, избор и големина на фонт, избор на темен/светол начин на прикажување, потоа да евидентираме статистика за бројот на посети, типот на уредот со кој била пристапена, резолуцијата со која била прикажана содржината, поимот преку чие пребарување сте дошле на страната и страната кон која потоа сте излегле од нашата страна. Исто така на крај користиме колачиња и за да евидентираме и запомниме дали сте се согласиле или не да користиме колачиња.

 

Каков тип на колачиња користиме

Користиме сесиски (привремени) и трајни колачиња. Ги чуваме поради претходно наведените информации. Она што за вас е посебно битно е дека преку колачињата никако не можеме лично да ве идентификуваме, поради тоа што користме сервис за CDN пристап кон страната кој ја анонимизира вашата IP адреса, така да вашето користење е анонимно.

 

Како дополнително да се заштитите

Секој интернет прелистувач (Chrome, Brave, Edge, Safari, IE) има во себе повеќе опции за бришење на колачиња. Колачињата можете комплетно да ги избришете или само од точно одредена страна или автоматски по секоја сесија. Исто така повеќето модерни прелистувачи нудат таен/анонимен мод за посета на страни (Incognito/Private/Safe) преку кој сите ваши активности и колачиња не се запишуваат.

НАШАТА СТРАНА КОРИСТИ HTTPS/SSL ПРОТОКОЛ ЗА КОМПЛЕТНО СИГУРНО ПРИКАЖУВАЊЕ НА СОДРЖИНИ

Останати информации - 4 Заштита на укажувачи

Заштита на укажувачи

Согласно со член 2 став (1) и член 3 од Правилник за заштитено внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор, за овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно и заштитено надворешно пријавување во ЈУНПШП е назначено лицето: .

Останати информации - 5 Заштита на лични податоци

Заштита на лични податоци

Ние се грижиме за заштитата на личните податоци кои се во наша надлежност во согласност со Законот за заштита на личните податоци и регулативата издадена од Агенцијата за заштита на лични податоци. За таа цел донесуваме подзаконски акти кои конкретно ја гарантираат заштитата, обезбедување на тајност и чување на безбедноста на личните податоци.

Во Политиката за заштита на личните податоци се содржани принципите и насоките на остварување на доверливоста, интегритетот и достапноста на личните податоци. Преку воспоставените технички и организациски мерки е обезбедена тајноста, заштитата и безбедноста на личните податоци која се базира на методологијата на воспоставени процеси на проценка на влијанието на заштитата на личните податоци.

Останати информации - 6 Кодекс

Кодекс за административни службеници

Кодекс

Врз основа на член 7 став (1) точка 8 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14) донесен е кодекс со кој се пропишуваат етичките стандарди и правилата на однесување на административните службеници. Целта на овој кодекс е поттикнување на доброто постапување и однесување на административните службеници и зајакнување на довербата на граѓаните.

Етичките стандарди и правилата на однесување административниот службеник ги применува во односите со колегите и со претпоставените, странките, на неговото работното место и животот.