Акции за собирање на отпад

05.06.2023

Викендов беа спроведени уште две успешни акции за собирање на отпад од Планинарските клубови Шари од Гостивар, Планинарско здружение "Sytë e Sharrit", Планинарско здружение „Гази Баба“, Планинарско здружение „Дарданиа“, планинарско здружение „Качанику“, и планинарско здружение „Чаусица“ - Пршевце, на потегот Боговинско Езеро, Рамен Камен и Црн Камен.

Во текот на месец мај, заклучно со овие две акции, беа собрани повеќе од 400 вреќи отпад!

Благодарност до сите што помогнаа да блеснат убавините на Шар Планина.

Шар Планина има навистина што да слави со толку многу пријатели!

Нека ни е честит Светскиот ден на животната средина!

Галерија