Потпишан Меморандум за соработка со Тетовскиот Универзитет.

02.12.2022

Јавната Установа Национален Парк Шар Планина потпиша Меморандум за соработка со Тетовскиот Универзитет.

Соработката ќе придонесе кон унапредување на административните капацитети како и техничката опременост и редовните активности на Ј.У.Н.П. Шар Планина.

Соработката ќе придонесе и кон развој и подобрување на партнерските односи помеѓу двете институции во однос на високообразовната и научноистражувачка дејност; организирање заеднички активности како семинари, конференции, работилници и слично; организација на други активности чија цел е општата благосостојба на двете институции како и други форми на соработка.

Галерија