ЈУНПШП склучи договори за соработка со ловечките друштва

27.11.2022

Врз основа на Решението за одобрување на ловење на дивеч под заштита и преземени мерки од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во однос на појавата на африканска чума кај свињите донесено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство бр.50-8629/1 од 30.08.2022 година и Решението на АХВ за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите бр. 10-2257/2 од 03.08.2022 година и измените и дополнувањата на ова Решение, Јавната установа Национален парк Шар Планина склучи договори за соработка со ловечките друштва Кучи Баба, Шќипоња е шарит, Шар Планина и Љуботен.

Календарот на ловни денови по ловечки друштва е даден во прилог.

Галерија