Се одржа состанок со претставници од ловечки друштва

22.11.2022

Јавната Установа Националниот Парк Шар Планина одржа состанок со претставници од ловечките друштва Кучи Баба, Шќипоња е шарит, Шар Планина и Љуботен за воспоставување соработка во однос на Решението за одобрување на ловење на дивеч под заштита бр.50-8629/1 од 30.08.2022 година за појавата на африканска чума кај свињите, донесено од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Исто така и точките 5.8, 5.9, 5.10, 5.11 и 5.12 од Решението на АХВ за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите бр. 10-2257/2 од 03.08.2022 година и измените и дополнувањата на ова Решение под бр. 10-2257/11 од 26.08.2022 година.

Галерија