Потпишан Меморандум за соработка со УКИМ Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг

22.11.2022

Јавна Установа Национален Парк Шар Планина потпиша Меморандум за соработка со УКИМ Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“

Се радуваме на соработката која ќе придонесе кон унапредување на високообразовната и научноистражувачка дејност на ХЕФ како и редовните активности на ЈУНПШП, при изработка и спроведување на проекти во областа на шумарството, заштита и унапредување на животната средина, вклучувајќи ги следните аспекти: заштита и одгледување на шумските екосистеми и проценка на здравствена состојба на шумите.

Понатаму фитопатолошка и ентомолошка заштита, педолошки анализи, екологија и одржлив развој, заштита на земјиштето од ерозија, уредување на поројни водотеци и рекултивација на депонии (со акцент на биолошките аспекти), управување со опасности и ризици од природни непогоди, датабази на вегетацијата, демаркација на границите на заштитеното подрачје, зоните, одделите и пододделите, социоекономски аспекти на шумските екосистеми и пасиштата, теренска и научноистражувачка работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области.