Препорака на Влада за забрана за движење во шума

17.07.2023

По однос на препораката на Владата за забрана за движење во шума, ја известуваме јавноста дека Ј.У.Н.П. Шар Планина нема воведено забрана за движење во шума на територија на Националниот Парк.

Поради зголемена опасност од настанување на шумски пожари и земајќи ги во предвид препораките на Владата, при посета на Националниот Парк задолжително е пријавување на следниот линк https://www.sarmountain.org.mk/evidenten-list-posetiteli

или во Дирекцијата на Националниот парк од 09:00 до 15:00 часот.

Потребни податоци за пријавување:

• Име и презиме

• Матичен број

• Регистарска табличка од возилото

• Ден на посета и времетраење на престојот

• Локација/ место на движење

НАПОМЕНА : Посетителот има обврска да ја напушти зоната на строга заштита до 17:00 часот

Со цел да се спречат несакани последици потсетуваме дека на територија на Национален Парк Шар Планина е строго забрането да се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

Истовремено, доколку забележите пожар, може да пријавите на тел. 112 во Центарот за управување со кризи.

Галерија