Информација за посетители

22.07.2022

Поради настапувањето на топлотниот бран и констатираната зголемена опасност од појава на пожари на отворен простор, ЈУ Национален Парк „Шар Планина“ ги предупредува посетителите да се воздржат од дејствија кои можат да предизвикаат пожар.

 

 

 

 


Заради тоа:

  • Се забранува палење оган, подготовка на скара на неозначени места за таа намена, фрлање догорчиња од цигари и секаков лесно запалив отпад и материјал!
  • Во случај на појава на пожар на територијата на Паркот, како и за други итни потреби, на располагање Ви се следните телефонски броеви:

👉 +389 72 239 122 - ЈУНП Шар Планина
👉 192  -  Полиција
👉 193  -  Пожарникар
👉 194  -  Брза помош 

 

  • При посета на Шар Планина, задолжително е пријавување во Управата на Националниот Парк со испраќање на пополнет ✅️Евидентен лист за посетители (https://bit.ly/3Bebucq) на електронска адреса: park@sarmountain.org.mk