Проект за засадување на садници на Шарпланина со помош од меѓу-народната заедница

18.11.2022

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заедно со амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман, постојаниот претставник на УНДП,  Армен Григорја и градоначалникот на општина Боговиње, Бесник Емшиу, денеска, се приклучијa на акцијата за засадување на садници на локацијата во непосредна близина на Боговиње во која учествуваа ученици од основните училипта од општината.

Пошумувањето е долготраен процес кој обезбедува одржливи еколошки придобивки и придонесува за зачувување на жариштата на биолошката разновидност, избегнување на деградација на почвата и заштита на другите природни ресурси – истакна министерот Нуредини во своето обраќање.

Тој објасни и дека за враќање на плодноста на ерозивното земјиште и подобрување на еколошките услови на пределот, ќе се засади вкупна површина од 38 хектари, од кои 6 хектари се во општина Боговиње и 32 хектари во Националниот парк „Шар Планина“.

Заедно со младите ученици, кои се иднината на овој регион, ќе го означиме почетокот на работите за пошумување во општина Боговиње. Чувствувам големо задоволство што сте спремни да преземете акција за подобра иднина и сте инспирирани од вашата посветеност да ги заштитите вашите домови и животната средина. Преземањето акција е вистински начин младите генерации да научат што може да направи секој од нас за да ја заштити животната средина – рече амбасадорката Улман.

Градоначалникот Емшиу изрази благодарност до Министерството за животна средина и просторно планирање и до УНДП за посветеноста при имплементацијата на овој проект, како и до Швајцарската влада за нејзиниот финансиски придонес.
Пошумувањето беше дел од активностите на проектот за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион, финансиран од Швајцарската влада, а имплементиран од Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање

Период
2021
Галерија