Културно наследство

Наследство - 1 Инфо

Општи информации

Културно наследство на територијата на паркот додава вредност на заштитеното подрачје и може да биде основа за развој на одржлив туризам и да придонесе кон развој на туристички бренд. На територијата на паркот, недвижното и нематеријалното културно наследство се присутни во заштитеното подрачје, додека подвижното културно наследство е присутно во населените места.

Недвижното културно наследство главно се состои од археолошки локалитети во форма на населби и некрополи од антиката или средновековниот период, како и христијански и муслимански храмови или места за богослужба. Во оваа категорија се вклучени и културните предели, како на пример планинските пасишта. Во сите планински села се забележува видлив специфичен архитектонски стил со користење на традиционални градежни материјали како камен, дрво, сено и плетвар.

Иако во Националниот парк Шар Планина постојат голем број на нематеријални културолошки елементи, официјално е регистрирано само едно нематеријално културно наследство – машкото дводелно пеење од областа Долни Полог, познато како гласоечко.

Наследство - 3 Обичаи

Обичаи и традиции

Илирски карневали (Бозовце) - Овој традиционален празник е со историја долга 3 илјади години и датира од најстарите илирски времиња. Наследен од новите генераци, жителите на Бозовце успеале да го зачуваат како традиција. Облечени со овчо крзно, тие од 13 до 21 март веруваат дека ќе ги истерат лошите работи и лошите духови, за тие да бидат што подалеку од селото и да не им наштетат на изворите за егзистенција на жителите од ова село. Порано овој празник на ист начин е изведуван и во другите села од шарските ридско-планински подрачја, како на пример Лисец, Вешала и Шипковица, но оваа манифестација денес се организира само во Бозовце. Карневалите завршуват со заеднички ручек и традиционални јадења во Бозовце.

Народни традиционални игри (Селце) - Жителите од село Селце ја вратиле старата традиција на традиционални игри кои биле дел од животот на шарските села во минатото.

Наследство - 4 Културни настани

Културни настани

На територијата на паркот и во поширокиот регион, постои долга историја на голем број фестивали и културни настани со локално и регионално учество. Секоја од општините и речиси секое село во регионот има свои фестивали и настани поврзани со верските празници и традиции.

Од регионален карактер позначајни активности кои се организираат се музичките фестивали: Шари кендон (Шара пее), манифестација каде се презентира фолклорот од разни места каде живее албанскиот народ, „Тетовски фолк филиграни“, „Дитет е Наимит“ (Деновите на Наим) - меѓународна манифестација на поезијата; „Техо“ меѓународно натпреварување на хорското пеење, ,,Блетезат“ и ,,Тетовски јаболчиња“ детски музички фестивал, ,,Саемот на книгата“ презентација на изданија на албански јазик на издавачки куќи од Македонија, Албанија и Косово.

Наследство - 5 Спортски настани

Спортски настани

Првиот Шарпланински куп е одржан во 1947 и со тоа е најстар меѓународен скијачки натпревар на Балканскиот регион. Во 1954 станува дел од FIS B натпреварите, додека од 1969 до 1986 е натпревар за Европски Куп во скијање. Поради губењето на статусот во 1986 година, во 1999 повторно се кандидира натпревар за Европски Куп.