Донација од страна на Дирекцијата за заштита и спасување

09.05.2023

Благодарност до Дирекцијата за заштита и спасување која на трајно користење додели дел од основната опрема пропишана во Правилникот за посебни мерки за заштита на шумите од пожари (Сл. В. на РСМ бр. 82/2015) и тоа:

4 моторни пили, 4 секири, 25 напртњачи, 20 лопати, 9 копачи, 10 гребла, 15 метални метлчи и 3 светилки.

За справување со ризиците од пожари, ЈУНПШП има изготвено Годишен оперативен план за 2023 за заштита на шумите од пожари по кој е обврзана да работи.

По планираното пополнување на предвидените работни места, Оперативниот план за заштита на шумите од пожари за 2023 година ќе биде ажуриран, ќе бидат формирани дежурни екипи, Единица за почетно и продолжено гаснење, како и Регионална единица за гаснење на шумски пожари.

Галерија