Постер информативни карти

16.03.2023

Подготвивме подароци – постер информативни карти, за сите релевантни институции кои гравитираат во Полошкиот регион и на национално ниво, а на било каков начин се поврзани со Националниот парк Шар Планина.

Намената на информативните карти е да овозможат поефикасна соработка помеѓу ЈУНПШП при интегрираното управување на просторот на територија на Шар Планина и сите други институции. Покрај границите и зоните на подрачјето, постерите содржат и листа на забранети активности кои ги загрозуваат природните вредности на Националниот парк.

Се надеваме дека покрај тоа што овие постери ќе ги красат работните простории, ќе служат и како потсетник на законската обврска за барање мислење од ЈУНПШП за сите дејности и превземени одлуки на територијата на Националниот парк.

Да се потсетиме, целта на зонирањето и интегрираното управување со заштитените подрачја е да се обезбедат услови неопходни за одржување на еколошките процеси и биолошката разновидност, преку трајно зачувување на репрезентативни физичко-географски региони, еколошки заедници, генетски ресурси и видови во природни услови; создавање услови за развој на туризмот во согласност со принципот на одржлив развој и остварување културни, научни, образовни и рекреативни цели, што истовремено ја одржува и природната состојба на подрачјето.

Галерија