Учество во работилница „Борба против илегални шумски активности“

15.03.2023

Претставници на ЈУНП Шар Планина учествуваа на презентација на методологија за следење на промени на шумската покровност преку користење на далечинска детекција.

Предложената методологија беше презентирана во рамките на проектот "Борба против илегални шумски активности" финансиран од USFS (United States Forest Service), а изготвена со помош од колегите од Шумарски факултет.

Следењето на состојбата на терен во реално време е обврска на чуварската служба и токму затоа институцијата работи на што поскоро екипирање на своите внатрешни капацитети.

Галерија