Обележување на Светскиот ден на дивиот свет

Ј.У.Н.П. Шар Планина го обележува Светскиот ден на дивиот свет
08.03.2023

Го одбележуваме Светскиот ден на дивиот свет со воспоставената соработка со Македонското еколошко друштво.
МЕД е долгогодишен партнер во зачувувањето на природните вредности на Шар Планина, а од денес и официјален партнер на ЈУНПШП во спроведување:
-Истражувања, мониторинг и конзервација на видовите, заедниците и живеалиштата како и на пределската разновидност;
-Одржување обуки за мониторинг, теренско собирање податоци, ГИС, бази на податоци итн;
-Одржливото управување со природни ресурси (лековити и ароматични растенија, габи, дрвна биомаса, лов, риболов и сл.);
-Едукација и активности за подигање на јавната свест.

Галерија