Во Мај месец спроведуваме акција „Да блесне Шара“

02.05.2023

Поради доброто време Шар Планина беше атрактивна дестинација за продолжениот викенд, а ова е сликата која излетниците ја оставија зад себе.

Потсетуваме, на излетничките места нема организирано собирање на отпад и затоа апелираме да секој посетител со себе ги понесе своите отпадоци.

ЈУНПШП и љубителите на природата од викендов веќе “му објавија војна на отпадот”, а продолжуваме со заеднички сили во месец мај да се залагаме ДА БЛЕСНЕ Шара.

- 28 април, отстранување на кантите за отпад од излетничките места. Организирано од ЈУНПШП;

- 30 април, ПК Тетекс веќе ја исчистија патеката кон Беловишкиот водопад;

- 2 мај, чистење на излетнички места кон Попова Шапка – чуварската служба на ЈУНПШП собра 47 вреќи отпад;

- 7 мај, ПК Тетово, организира собирање на отпад од с. Бозовце до место викано Гајрина;

- 8 мај, чистење на патот од Попова Шапка кон Тетово, вработени во ЈУНПШП но добредојден е секој кој сака да се приклучи на акцијата;

- 13 мај, ЈУНПШП се приклучува на акцијата Генералка Викенд која ја спроведува Општина Тетово. Преговорите за локации сеуште се во тек;

- 14 мај, ПК Љуботен, ПК Тетекс, ПК Јелак и ПК Аргентус организираат собирање на отпад на потегот од с. Вејце кон Кобилица;

- 20 мај, локацијата за акција не е сеуште утврдена;

- 27 мај, ПК Љуботен организира акција во Скијачкиот центар Попова Шапка;

- 28 мај, ПК Љуботен организира акција на потегот од Титов Врв кон Скијачки центар Попова Шапка;

- 4 јуни, Планинарските клубови од тетовскиот крај ќе организираат заедничка акција на Боговињско Езеро;

- 4 јуни, Планинарските клубови од гостиварскиот крај ќе организираат заедничка акција на Рамен Камен;

- На најпосетените излетнички места ЈУНПШП ќе постави знаци за забрането фрлање отпад.

Сите активности ќе бидат поддржани од Јавната Установа Националниот парк Шар Планина со обезбедување вреќи за отпад, ракавици за собирање отпад, човечки ресурси и организирање на транспорт за собраниот отпад.

За секој настан ќе следат дополнителни информации.