ЈАВЕН ОГЛАС 01/2023 за вработување на 9 (девет) лица во Јавна Установа Национален Парк Шар Планина

15.09.2023

Врз основа на член 20-г став (1) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ број 27/14, 199/14, 27/16,35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 143/19 и 14/20), и член 22, став (1), точка 1 и член 23 став 1 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ 62/2005, 3/2006, 44/2006, 66/2006, 16/2007, 57/2007, 77/2007, 106/2008, 161/2008, 63/2009, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 10/2010, 16/2010, 50/2010, 52/2010, 58/2010, 124/2010, 132/2010, 158/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 52/2012, 13/2013, 25/2013, 54/2013, 170/2013, 187/2013, 34/2014, 106/2014, 113/2014, 145/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 74/2015, 129/2015, 167/2015, 27/2016, 134/2016 и 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/2019, 267/20, 151/21 и 288/21) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15) Јавна Установа Национален Парк Шар Планина на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС 01/2023

за вработување на 9 (девет) лица во Јавна Установа Национален Парк Шар Планина

Јавната Установа Национален Парк Шар Планина објавува оглас за вработување на 9 (девет) лица на неопределено време на следнава позиција:

  1. Соработник за управување и контрола со други шумски производи и пасишта, Одделение за одржливо користење на природните ресурси, со шифра на работно место НАП0401А03010 - 1 извршител.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во Јавна Установа Национален Парк Шар Планина, и тоа:

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

  • со најмалку ниво на квалификации 240 кредити според ЕКТС/Високо ЕТ или МКСОО - Биологија,  Шумарство и хортикултура, Животна средина;
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • една година работно искуство;
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40;
  • работно време од понеделник до петок од 7:30/8:30 до 15:30/16:30 часот.

Паричниот износ на основната нето плата изнесува 26.841,00 денари.

НАПОМЕНА: Согласно годишниот план за вработување на Ј.У.Н.П.Шар Планина, Република Северна Македонија за 2023 година, предвидени вработувања според припадност на етничка заедница се: Македонец/ка (1 извршител).

  1. Соработник за развој и промотивни активности на терен, Одделение за алтернативни активности и еколошка едукација, со шифра на работно место НАП0401А04004 - 1 извршител;

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во Јавна Установа Национален Парк Шар Планина, и тоа:

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење     професија, дејност или должност.

Посебни услови:

  • со најмалку ниво на квалификации , 240/180 кредити ЕКТС/Високо – Економски науки, Туризам и угостителство, Политички науки;
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • една година работно искуство;
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40
  • работно време од понеделник до петок од 7:30/8:30 до 15:30/16:30 часот.

Паричниот износ на основната нето плата изнесува 26.841,00 денари.

НАПОМЕНА: Согласно годишниот план за вработување на Ј.У.Н.П.Шар Планина, Република Северна Македонија за 2023 година, предвидени вработувања според припадност на етничка заедница се: Македонец/ка (1 извршител).

  1. Чувар во заштитано подрачје, Одделение за заштита на природата НАП0402А01001 - 5 извршители

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во Јавна Установа Национален Парк Шар Планина, и тоа:

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови

  • со најмалку ниво на квалификации IV, 180 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО;
  • по назначувањето за чувар на заштитено подрачје лицето да полага стручен испит;
  • работно искуство: со или без работно искуство.

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40
  • работно време од понеделник до петок од 07:30/08:30 до 15:30/16:30 часот.

Паричниот износ на основната нето плата 20.443,00 денари

НАПОМЕНА: Согласно годишниот план за вработување на Ј.У.Н.П.Шар Планина за 2023 година, предвидени вработувања според припадност на етничка заедница се: Македонец/ка                                  (3 извршител), Албанец/ка (2 извршител).

  1. Шумарски техничар, Одделение за одржливо користење на природните ресурси - 2 извршители

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите и посебните услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во Јавна Установа Национален Парк Шар Планина, и тоа:

Општи услови:             

  • да е државјанин на Република Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

  • со најмалку ниво на квалификации IV, 180 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО, средна стручна спрема шумарски техничар - насока шумарство;
  • најмалку една година работно искуство од областа на стопанисување со шумите;

Распоред на работно време:

  • работни часови во неделата: 40
  • работно време од понеделник до петок од 07:30/08:30 до 15:30/16:30 часот.

Паричниот износ на основната нето плата изнесува 20.443,00 денари.

НАПОМЕНА: Согласно годишниот план за вработување на Ј.У.Н.П.Шар Планина, Република Северна Македонија за 2023 година, предвидени вработувања според припадност на етничка заедница се: Македонец/ка (2 извршители).

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на Јавна Установа Национален Парк Шар Планина. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар, и тоа:

  • Доказ за државјанство;
  • Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
  • Уверение / диплома за завршен степен на образование;
  • Доказ познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски јазик);
  • Кратка биографија;
  • Писмо за мотивација.

Начин  за спроведување на постапка за  селекција:

  • Фаза I - административна селекција (проверка на исполнувањето на општите и посебните услови барани со јавниот оглас – вкупно 5 бодови);
  • Фаза II - проверка на потребните работни компетенции за извршување на работите (интервју) – вкупно 45 бодови;
  • Фаза III - рангирање на кандидатите;
  • Фаза IV - избор на кандидати.

Изборот на кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Јавна Установа Национален Парк Шар Планина или по пошта на следнава адреса:

 

Јавна Установа Национален Парк Шар Планина, Република Северна Македонија

Адреса: ул. „Мурат Бафтијари“ бб, Тетово – (“Жичара”)

(со назнака „за оглас за вработување“)

Контакт број +389 72 239122